Повратен бран
Автор:
Болеслав Прус
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Powracająca fala |
Бр. на страни:
274 |
Димензии:
110x180
|
Корица:
/
Новелите на Прус, како и делата на другите писатели од позитивизмот, воведуваат во кругот на проблемите актуелни во таа епоха, ги отсликуваат нејзините општествени и образовни стремежи. Го прикажуваат животот во средини осакатени во општествен или народносен поглед, животот на инфериорните, онеправданите и бездомните единки. Во тие суштински, еднозначни творби со јасно определена фабула може да се почувствува протест против неправедноста, повредата и понижувањето. Тие творби требало да ја искажуваат основната заложба на позитивизмот: неопходноста за вложување напор во полза на најбедните и најпотиштените народни слоеви, доближување до проблемите на селото и негово извлекување од големата заостанатост.
Questions and Answers
You are not logged in