Дневникот на писателката
Автор:
Вирџинија ВУЛФ
Издавач:
Нампрес |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Дневникот на писателката |
Бр. на страни:
373 |
Димензии:
132х195мм
|
Корица:
мека
Вирџинија Вулф (1881-1941) е една од најголемите литературни фигури на дваесеттиот век. Таа ја трансформира уметноста на романот со пионерски дела како „Г-ѓа Деловеј“ и „Кон светилникот“. Автор е на бројни збирки писма, дневници, куси раскази; високо ценет литературен критичар и мајстор на есејската форма. „Дневникот на писателката“ е Вирџинија Вулф. Целото четиво вибрира со паѓања и кревања во интензитет, варијации, тревоги, патувања, паника и занес на нејзиниот страсен однос кон уметноста. „Дневникот на писателката“ е непроценлив водич во уметноста и мислите на Вирџинија Вулф. Се состои од лични записи што таа ги водела во период од дваесет и седум години, а ги собрал нејзиниот сопруг . Некои од тие записи се однесуваат на нејзиното пишување; други на значењето на одредени личности и настани; а некои се коментари за книгите кои ги читала во тој период. Првиот запис е од 1918 година, а последниот три недели пред нејзината смрт во 1941 година. Дневникот го открива приватниот свет – страдањата, победите, креативната визија – на една од најголемите писателки на дваесеттиот век.
Questions and Answers
You are not logged in