1Q84
Author:
Харуки Мураками
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
/ |
Num. of pages:
398 |
Dimensions:
140х205
|
Cover:
/
Мураками е како магионичар кој го објаснува трикот додека го изведува, а сепак успева да нè убеди дека има натприродни моќи... Иако секој може да раскаже приказна што наликува на сон, само редок уметник како него може да ни предизвика чувство дека самите го сонуваме.Њујорк тајмс
Во јапонскиот јазик, буквата Q и бројката 9 се изговараат исто. Кога 1Q84 ќе се изговори на јапонски, се добива 1984, што е директна алузија на романот на Џорџ Орвел кој, на овие страници, повеќепати се спомнува и се цитира. Читателот, заедно со главните личности, плови помеѓу 1984 година и паралелното време во годината 1Q84.
Првиот том од овој капитален роман го покрива периодот од април до јуни и ние, низ поглавјата што наизменично се менуваат, ги следиме приказните на двајцата главни херои - Тенго и Аомаме. Таа е инструкторка за боречки вештини, членка на мистериозна организација што спроведува правда убивајќи насилници... Тенго е професор по математика во едно подготвително училиште, типичен муракамиевски машки лик - пасивен, без иницијатива, талентиран без да се реализира,едноставно кажано - тој е „дел од сложувалката што никаде не се вклопува“. Во поглавјата што се преплетуваат, среќаваме надреални елементи карактеристични за сите дела на Мураками, но и важни теми од модерниот свет - политички злосторства, толкувања на историјата, насилство, религиозен фанатизам, слобода. Мураками успева да изгради дело на границата помеѓу лагата и вистината, помеѓу реалноста и фикцијата.
1 review for 1Q84
Questions and Answers
You are not logged in
biskovski18@gmail.com –
Odlicna prikazna, preporacuvam 🙂