20.000 милји под морето

Publisher: ТРИМАКС | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Vingt mille lieues sous les mers | Num. of pages: 304 | Dimensions: 21 см | Cover: мека

Дејството во романот „20 000 милји под морето“ се одвива за време на патувањето на подморницата Наутилус, доживеано и раскажано од Аронакс, професор во Музејот во Париз. Професорот Аронакс бил поканет од Секретарот на Морнарицата Ј. Б. Хобсон, цитирам: „…Ако се согласите да се приклучите на експедицијата на Абрахам Линколн, Владата на Соединетите Американски Држави би била почестена Франција со Вашето присуство да биде дел од овој потфат…“ Научникот, заедно со останатите членови на екипажот, заминал на експедицијата во потрага по непознатото суштество (чудовиште со натприродна сила или подморница, како што си претпоставувал професорот) кое влевало страв меѓу морнарите и меѓу луѓето на брегот. Патувањето се оддолжило, бескрајната морска широчина и потрагата по нервалот биле залудни сè до моментот кога бродот „налетал“ на т.н. чудовиште, цитирам: „Чудовиштето на неколку метри над водата, ја исфрли таа многу силна и таинствена светлина, спомената во извештаите на неколку капетани. Ова прекрасно зрачење мора да е произведено од некаков извор со многу голема моќ. Осветлената површина на морето имаше продолжен овален облик во чиј центар беше изворот на светлината која се намалуваше кон рабовите…“ За среќа или за несреќа, бродоломците ги „спасило“ чудовиштето т.е. подморницата управувана од капетанот Немо. Немо, името на таинствениот капетан и денес претставува симбол за капетан на морето, пронаоѓач и истражувач. Со подморницата Наутилус на своето истражувачко патување, професорот поминал низ подводниот свет, среќавајќи разни, невообичаени морски животни и чудовишта, ајкули, октоподи и морски школки, соочувајќи се со опасности од кои заедно морале да се извлечат и тоа со својата снаодливост и со храброста. Заробени во подморницата, професорот и неговите пријатели ја посакувале слободата. Дали ги ослободиле и како завршило нивното подводно патување? Непостоечките пронајдоци кои биле опишани во оваа книга биле инспирација за понатамошниот технолошки развој, со што Жил Верн е еден од најголемите технолошки визионери меѓу писателите на своето време. Преку неговото влијание врз многу современи писатели, тој ја потврди својата книжевна бесмртност. Повеќето од романите на Верн претставуваат огромни возбудливи приказни за авантури во егзотични области, како на површината на Земјата, така и над неа, но и во морските длабочини.

Price: 200 ден

46 in stock

Compare
Sold By ТРИМАКС

Report an abuse for product 20.000 милји под морето

Categories: , ,
SKU: 978-608-204-312-8

Questions and Answers

You are not logged in