Адам и Ева
Автор:
Ливиу Ребреану
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Adam şi Eva |
Бр. на страни:
288 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
„Адам и Ева“ е едно од ремек-делата на големиот романски писател на 20 век Ливиу Ребреану (1885 – 1944). Ова е љубовен роман, но главната тема е верувањето во реинкарнацијата, односно метемпсихозата. Архетипска и андрогена двојка се бара и се надополнува во седум многу различни историски периоди. Главниот лик на романот, Тома Новак, поминува низ повеќе животи, прво е свештеник во Индија, потоа гувернер во Египет, писар во Вавилон, римски коњаник во Рим во епохата на владеењето на Тибериј, калуѓер во средновековна Германија, лекар во Франција за време на Француската револуција и најпосле универзитетски професор во Букурешт. Тој се вљубува во седум различни женски личности: Навамалика, Изит, Хамма, Сервила, Марија, Ивона и Илеана. Ливиу Ребреану изјавил дека „Адам и Ева“ е дело најблиско до неговата душа. Романот започнува со опишување на бела, санитарна сала, каде што професорот Тома Новак е повреден, ранет со четири куршуми во градите и е во смртна агонија. Кога ќе ги отвори очите, Тома Новак се сеќава на своите спротивставени дискусии со Алеман – поранешен професор по филозофија. Тој пак повеќепати се обидува да го убеди Новак за постоењето на метампихоза (реинкарнација). Алеман самоуверено изјавува дека вистинскиот живот се состои од седум земни животи. („Зошто токму седум? О, Господе, Господе, зошто седум? Затоа што седум е свет број! Отсекогаш бил свет, во сите души!) Алеман инсистира на овој број и се сеќава на материјалните и духовните планови на кои ги следат двата принципа (машкиот и женскиот) сè додека не го признаат потеклото и не се утврди дека го формираат билансниот пар. („Еден маж од милионите мажи посакува само една жена од милионите жени. Еден единствен и една единствена! Адам и Ева!“)... И така, почнува прошетката низ седумте цивилизациски периоди, при што Ребреану се покажува како голем ерудит со енциклопедиски знаења, доближувајќи му ги на читателот мошне сликовито тие периоди и култури. Романот содржи седум поглавја, а секое поглавје има седум потпоглавја. Всушност, романот продолжува со седум неверојатни приказни, различни во однос на ликовите и околината (земјата и времето) во кои се одвива дејството. Секој херој има тенденција да ја бара својата половина, и кога ќе ја најде, ја губи во неповолните околности на својот живот. Книгата носи ориентален мирис, богат со егзотични, разнобојни имиња (Навамалика, Махавира, Нефтис, Гунгунум, Хамма, Куфу, Ивон, Изит...) и во некои од најпривлечните пејзажи (дејството се одвива во различни периоди, во земји како што се Индија, Рим, Египет, Франција итн.) Притоа книгата нуди богати и вредни информации, заличувајќи на книга на откритија. И покрај разновидната терминологија за културните средини, таа е лесна за читање и воодушевува до последната реченица. Станува збор за борба и страдање. Станува збор за љубов, за смртта и животот по смртта – интригантно и магично. И мистично, барем колку што се мистични источните (индиските) верувања и религии. И не случајно го сметаат за роман – енциклопедија. Енциклопедија за љубовта, за човечката душа, за древните цивилизации.
Questions and Answers
You are not logged in