Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот

Publisher: Бегемот | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Ако го сакаш Скопје - дојди, ќе те чекам на кејот | Num. of pages: 249 | Dimensions: 205x205 | Cover: мека

[…] Осамениот шетач Коцевски со овој ракопис оживува места и слики од речиси сите простори на урбаното живеење во Скопската котлина, низ различни историски периоди, во мирновременска и во воена состојба, приредувајќи му на читателот најразлични фотографски визури кон некогашните епизоди од патешествијата на местата низ кои денес чекориме, панорамски поглед над градот од минатите векови, макрофотографија врз рацете на занаетчијата, реконструкција на настанот од фотографија со карваните со камили, кои ги носат производите од Старата чаршија дури до Египет и Индија; првите организирани прошетки за запознавање со културното наследство на Скопје; премиерната претстава при отворањето на Младинскиот театар, спектакуларното надлетување на зградата кај „Југодрво“ од пилот чија љубовница живеела таму, но и поетски слики, кои ни го доловуваат некогашното гнездо на љубовта – скопскиот кеј, како во стиховите на денес заборавениот поет, Васил Икономов, од кои е извлечен насловот на изданието.

[…] Овековечени се разновременски патувачи што поминале низ него, но и денес живи градски енциклопедии, резервоари на информации и сеќавања, што ја прават книгата „Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот“ од Данило Коцевски драгоцено надоврзување на неговиот неповторлив придонес кон хрониките на градот Скопје.

Васко Марковски
Поет, патеписец и туристички водич

Price: 600 ден

19 in stock

Compare
Sold By Бегемот

Report an abuse for product Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот

Categories: ,
SKU: 978-608-4869-72-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in