Акциите -инструмент на портфолио менаџментот
Author:
Диана Бошковска
Publisher:
УКИМ Економски институт-Скопје |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Акциите -инструмент на портфолио менаџментот |
Num. of pages:
255 |
Dimensions:
/
|
Cover:
мека
Учебникот под наслов „Акциите-инструмент на портфолио менаџментот“ од авторот проф. д-р Диана Бошковска овозможува збогатувањето на литературата на македонски јазик од областа на портфолио менаџментот што е од особено значење со оглед на тоа дека финансиските вложувања на македонскиот пазар на капитал, како и нивната разработеност во домашната научна и стручна литература сè уште е на незадоволително ниво и во голема мера заостанува во споредба со развиениот свет. Книгата гледано од концепциски и од аспект на нејзината содржина може да послужи како материјал за студентите во наставните програми од областа на финансискиот менаџмент. Со оглед на фактот дека управувањето со вложувањата во финансиски средства, а во тој контекст и управувањето со вложувањата во акции има големо значење и за корпоративните финансии и за работењето и развојот на фондовската индустрија, книгава може да биде корисна и за менаџментот на компаниите при донесувањето инвестициски одлуки и за портфолио-менаџерите на различните видови институционални инвеститори. Исто така, таа може да биде корисен материјал и за пошироката научна и стручна јавност и за сите што сакаат да ги продлабочат своите знаења од оваа област.
Reviews
There are no reviews yet.