Алексеј
Автор:
Ристо Јачев
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2001
Оригинален наслов:
Алексеј |
Бр. на страни:
279 |
Димензии:
125х200
|
Корица:
мека
Оваа проза поставена во основа како дневник, со својата наративна и пластична структура ни го отвора широкиот простор на раскажувачко-романескна градба. Иако внатре се појавуваат галерија ликови кои во себе ја носат рефлексивната и психолошка типолошка структура добиваат впечатлив и кохерентен простор. Самиот почеток нè упатува на страдањата, распетијата и патилата на еден човек, на Македонецот, кој во оската на светкото збиднување е фокусиран во светската болка, светското страдање и е презентиран егземплар на симболот на човек кој во себеси ја поседува универзалната потрага и потреба за осветлен простор, за вистинското и правично живеење, без омраза, тортури, а со главната негова мисија на љубов и човечност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.