Ана Каренина, том 2

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Анна Каренина | Num. of pages: 508 | Dimensions: 135х200 | Cover: /

Во една неодамнешна анкета спроведена меѓу 125-те најголеми автори на денешницата, „Ана Каренина“ е изгласана за најдобрата книга на сите времиња. Највисокото достигнување на реалистичката проза, таа е „врвниот роман“ во очите на Вилијам Фокнер, „безгрешно уметничко дело“ за Достоевски и, дури и повеќе, „фрагмент од самиот живот“ според Метју Арнолд.

Исклучително вешто и со неговата препознатлива способност да остави впечаток на рутинираност, низ повеќе од илјада страници, Толстој вмрежува широк спектар ликови преку кои се обидува да го истражи односот меѓу љубовта и конвенциите, меѓу лицемерството и верноста, меѓу страста и приврзаноста. Паралелно прикажувајќи три сосема различни брака (оној на Ана и грофот Каренин, бракот на Левин и Кити и бракот на Стива и Доли) и вонбрачната врска на Ана Каренина и Вронски, Толстој во романот ги испреплетува и прашањата за христијанството, политиката, класното уредување во Русија, војната, индивидуалното и колективното живеење, и, конечно, прашањето на самиот живот и смртта.

Ретроспективно сецирана, „безгрешната магија на Толстоевиот стил“ – како што ја опишува Владимир Набоков – во „Ана Каренина“ ги трансцендира ограничувањата на книжевниот XIX век: внатрешниот монолог на насловната хероина со кој кулминира романот ги отвора вратите за една сосема нова литература, што ќе ја растури пепелта на стабилниот омнипрезентен наратор во мистичните и опскурни одаи на индивидуалната свест.

Rated 5.00 out of 5 based on 1 customer rating
(1 customer review)

Price: 400 ден

17 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Ана Каренина, том 2

Category:
SKU: 978-608-247-273-7

1 review for Ана Каренина, том 2

  1. Rated 5 out of 5

    Ana Neverova Hristova (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in