Анабаса

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Xenophontis, Expeditio cyri | Бр. на страни: 244 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Ксенофонт (о. 430-355 г. ст.е.) е еден од тројцата најголеми хеленски историографи (покрај Херодот и Тукидид) автори кои ги одбележуваат почетоците на хеленската, и на европската вештина на пишување историја. „Анабаса“ е едно од најубавите негови дела и неодминлив извор за изучувањето на античкиот период. Во него авторот го опишува походот на персискиот принц Кир против сопствениот брат Артаксеркс, за превласт за персискиот престол. Кир најмува десетилјадна хеленска војска. Во походот учествува и Ксенофонт. Тој ги опишува: собирањето на платеничката војска; маршот на војската; убиството на Кир и на некои војсководци, по што Ксенофонт ја презема командата на дел од војската; опасностите и патешествијата при враќањето на војската... Една од најголемите вредности на ова дело се автентичните описи на настаните,  географијата и етнографијата, односно описите на начинот на живеење на племињата и на местата на големиот простор на персиската империја. „Анабаса“ е извонредно мемоарско дело.
Рангирано 5 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Анабаса

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-022-3

Questions and Answers

You are not logged in