Анабаса

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: Xenophontis, Expeditio cyri | Num. of pages: 244 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Ксенофонт (о. 430-355 г. ст.е.) е еден од тројцата најголеми хеленски историографи (покрај Херодот и Тукидид) автори кои ги одбележуваат почетоците на хеленската, и на европската вештина на пишување историја. „Анабаса“ е едно од најубавите негови дела и неодминлив извор за изучувањето на античкиот период. Во него авторот го опишува походот на персискиот принц Кир против сопствениот брат Артаксеркс, за превласт за персискиот престол. Кир најмува десетилјадна хеленска војска. Во походот учествува и Ксенофонт. Тој ги опишува: собирањето на платеничката војска; маршот на војската; убиството на Кир и на некои војсководци, по што Ксенофонт ја презема командата на дел од војската; опасностите и патешествијата при враќањето на војската... Една од најголемите вредности на ова дело се автентичните описи на настаните,  географијата и етнографијата, односно описите на начинот на живеење на племињата и на местата на големиот простор на персиската империја. „Анабаса“ е извонредно мемоарско дело.
Rated 5 out of 5 based on 2 customer ratings

Price: 300 ден

4 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Анабаса

Category:
SKU: 978-608-252-022-3

Questions and Answers

You are not logged in