Анализа на планирање маркетинг
Доналд Р. Леман е професор по бизнис на Факултетот за бизнис при Универзитетот „Колумбија“ и член во многу уредувачки тимови на разни економски списанија. Расел С.Вајнер е професор по маркетинг на Факултетот „Стерн“ при Универзитетот „Њујорк“ и извршен директор на Институтот за маркетинг-истражувања при Универзитетот „Кембриџ“.
Авторите со оваа книга им даваат на студентите едно вредно четиво што ќе ги подготви за влез во професионалната арена и ќе им покаже како да донесуваат одлуки засновани врз база на претходно истражување. Во повеќето книги за маркетинг се зборува за стратегиите и за управувањето, но во оваа уникатна книга станува збор за анализата која е потребна за да се донесе добра маркетинг-одлука. Фокусот на вниманието е врз основниот маркетинг-документ – маркетинг-планот. Не се оди во покривање на сите негови аспекти, туку акцентот е ставен врз анализата на информациите што се однесуваат на околината од производот, потрошувачите, конкурентите, пазарниот потенцијал и на предвидување на продажбата. За полесно разбирање на материјата се воведени и два конкретни примера за анализа во случај на малопродажба на кафе и на мобилни телефони.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Анализа на планирање маркетинг
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –