Аполон, водач на македонскиот Бунт

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 114 | Димензии: 17x24 | Корица: тврда

Монографскиот труд „Аполон, водач на македонскиот Бунт“ претставува исклучително важен придонес кон расветлувањето на еден дел од македонското историско минато, во кој централно место заземаат животот и делото на македонскиот патриот Трајко Попов (1910–1946), еден од основачите и водач на илегалното Македонско национално движење – „Бунт“. Вредноста на овој труд дополнително ја зголемуваат приложените фотографии и факсимили на документи што претставуваат обвинителни акти, пресуди, затворски досиеја, односно подоцнежни наредби за отпуштање од затвор на лицата со кои Трајко Попов ги делел идеалите за обединета и слободна Македонија. За најдобро да се доловат животот и делото на Трајко Попов, ќе се послужиме со неговите зборови изречени на 25 мај 1945 година: „Со започнување на партизанските борби и со паролата ’за федеративна Југославија‘ за нас беше необјаснива и си поставихме прашањето дали во таја Југославија влагаат Пиринска и Егејска Македонија или само Вардарска. Со тоа ако во неја влага и Грчка Македонија со Пиринска за нас нема друго да постои освен  федеративна Југославија. Ако пак остане само Вардарска, тоа би била непотполна јединица – како мува без глава.“

Цена: 250 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Аполон, водач на македонскиот Бунт

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-289-2

Questions and Answers

You are not logged in