Азбука за непослушните

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 144 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

„Азбука за непослушните“ е роман сместен во 863 година, во манастирот Полихронос на Олимп. Главната приказна за послушните и непослушните ја раскажува, односно ја запишува, немиот клисар во манастирот. Литерарен, филозофски и историски преплет преку кој се реактуализира средновековието. Авторот му поставува директни прашања на читателот, испитувајќи го колку знае за себе, за сопствената историја, за Библијата, митологијата и фолклорот. Андоновски прави „воскреснување на замрените букви“, кои преку својата фиксирана ортографија зборуваат за едно ликовно поимање на стварноста. Преку девет столетија, авторот дешифрира архаични зборови/архаизми и на инвентивен начин ја реактуализира и глаголицата, при што зад секоја буква создава приказна. Првиот роман на Венко Андоновски нè освојува со својата свежа интерпретација на средниот век и просторите на кои живееме.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Азбука за непослушните

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-279-3

Questions and Answers

You are not logged in