Бај Којо

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Бај Којо | Num. of pages: 206 | Dimensions: 21 см | Cover: /

Владимир Плавевски е роден во 1948 година во Скопје. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година.

Во своето долгогодишно и богато творештво, автор е на многубројни сценарија за ТВ-серии, филмови, радиодрами, драмски текстови, раскази и романи. Во издание на „Арс Либрис“ објавени му се збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ (2018), романот „Вампирџија“ (2019), новелата „Туѓо тело“ (2020) и романот „Боксерот од Ново маало“.

Во 2013 година, ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“.

Втората светска војна заврши, но на југот на Европа сè уште врие. Грција е на прагот на граѓанска војна. Од едната страна се монархистите, а од другата – демократските сили. На едните им помагаат Велика Британија и САД, а на другите – околните комунистички земји, под покровителство на СССР. Водени од поривот да се изборат за своите погазени права, во Демократската армија на Грција се вклучуваат огромен број Македонци од Егејска Македонија. Меѓу нив е и капетанот Ристо Којов, познат како Бај Којо.

Како на филмски воен блокбастер, дејството во овој роман почнува во сегашноста и се враќа кон минатото, кога двајца воени другари, разделени среде виорот на војната, се среќаваат по многу премрежиња во нов свет... По пат на реминисценции, но и на документаристички сеќавања, со постојано менување на ракурсите, Бај Којо ги раскажува доживувањата од неговото пристапување во партизани, во родното Црнешево, до преселбата во Скопје.

Набиен со многу натуралистички слики, „Бај Којо“ е повест за храброста, за преживувањето и за тагата по загубеното огниште.

Price: 350 ден

17 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Бај Којо

Categories: ,
SKU: 978-608-267-178-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Бај Којо”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in