Бајки тралалајки за урбани клинци и напредни мајки
Автор:
Љубомир Грбевски
Издавач:
Дирекција за култура и уметност |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Бајки тралалајки за урбани клинци и напредни мајки |
Бр. на страни:
270 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Пред нас се шест драмски текстови кои успеваат да бидат привлечни како за најмладата публика (децата и младите) така и за поопитните читатели на драмски текстови. Со поднасловот на книгата („за урбани клинци и напредни мајки“) авторот најавува дека смета на рецепција од генерациски хетерогена читателска публика. Всушност, авторот успеал уверливо и забавно да создава драмски ситуации кои во кои се рефлектираат архетипски судири а преку хуморот и сатирата драмите алудираат и на современата стварност. Таа слоевитост ги прави овие драми одлична лектира за сите читатели кои ја прифаќаат авантурата да бидат „непослушни“ и бунтовни. „Послушните и онака го расипаа светот!“ – нѐ потсетува авторот. Влегувајќи во дијалог со бајковната раскажувачка традиција, овие драмски „бајки“ едновремено нудат и сатиричното преиспитување на нашата стварност. Имено, пред нас се драмски текстови во кои хуморот и комичното не се „цели сами за себе“, ами суптилно нѐ повикуваат на критичко промислување и преиспитување на човековите и на општествените недостатоци и аномалии.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.