Бел гавран
Култна книга на посткомунистичката генерација од „полскиот Керуак“. Авантуристичката приказна на Белиот гавран е за пријателството и за бранот промени во Полска во 1980-тите години. По ненамерното убиство на еден полицаец, четворица мажи се даваат во бегство. Патот води преку снежните планини, каде заглавуваат со количество на евтина вотка. Следи шокантна и симболична кулминација.
„Приказна за пријателството, грешката, смртта, раскажана во еден здив“.
Мартин Полак, Шпигел
„Творештвото на Сташук со оригинален книжевен сензибилитет и на свеж начин ги осветлува и ни ги прикажува Централна и Источна Европа, спојувајќи ги географијата, меморијата, сликовитоста во една долготрајна, компактно обликувана книжевна слика“.
Јана Унук
Анджеј Сташук (роден 1960) е еден од најважните и меѓународно најпознатите современи полски писатели. Млад го напушта формалното образование. Една година минува во затвор поради бегство од војска. Од 1986 година живее на село. Покрај пишувањето, одгледува лами. Со сопругата водат мала издавачка куќа.
1 оценка за Бел гавран
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –