Безизлез
Автор:
Маре Ристеска
Издавач:
Маре Ристеска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Безизлез |
Бр. на страни:
319 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Во една временска и просторна испреплетеност се развиваат три паралелни љубовни приказни, преку кои длабоко се навлегува во психичката состојба на ликовите, предизвикана од ситуацијата на безизлез во којашто западнале. Романот „Безизлез“ отвора неколку клучни прашања што можат да предизвикаат еден интимен, искрен разговор со себеси, преку кој разговор, секој поединец би ја пронашол формулата за својата лична среќа и исполнет живот. Што е посилно? Разумот или страста? Дали човекот може да побегне од себеси, дали може да одолее на искушението и да каже не? Може ли да се избегне страста од мигот кога магичната, моќна сила нè навлекува кон непознатото? Зошто е тогаш толку добро забранетото?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.