Бидете опседнати или бидете просечни
Author:
Грант Кардон
Publisher:
Паблишер |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Be obsessed or be average |
Num. of pages:
233 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
НЕ ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПОМЕЃУ ОВА И ОНА, ПОМЕЃУ УСПЕХОТ И ДОБРИОТ ЖИВОТ. ТОА Е ЗА ПРОСЕЧНИТЕ ЛУЃЕ ШТО ЈА ИЗГУБИЛЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА ИДНИНА. ОПСЕДНАТИТЕ ЛУЃЕ БАРААТ СЀ И ДОБИВААТ СЀ.
По огромниот успех на Правилото 10Х, докажаниот бизнис-експерт Грант Кардон одново нѐ советува со потврдени техники од своето сопствено искуство!
Бидете просечни или бидете опседнати е брутално искрена книга. Таа ќе ве извлече од комфорната зона и ќе го скрши оклопот на просечност што општеството цврсто го обвиткал околу вас. Ќе ви помогне да ја ослободите моќта на опсесијата, а потоа ќе ве научи како да се грижите за неа и да ја насочите кон остварување на своите најголеми сoништа.
Без разлика со што се занимавате, оваа книга ќе ви помогне да ги зацврстите и да ги развиете својот бренд и бизнисот до зачудувачки височини, наспроти сите пречки и сета конкуренција. Зашто опсесијата е критичниот дел на успехот – поважна е и од стратегијата, цените на производот, изборот и распоредот на времето; таа ви нуди вистинска слобода и целосна контрола на вашиот живот – на личен, финансиски и на емоционален план.
Reviews
There are no reviews yet.