Биди и имај
Author:
Ана Бучевиќ
Publisher:
Антолог |
Language:
македонски |
Year:
2018
Original title:
Biti i imati |
Num. of pages:
264 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
Со промена на вибрациите до финансиска слобода! Ова не е обична книга за парите, ова е необична книга за парите. Ова е духовна книга за парите бидејќи парите се дел од духовноста.Само нѐ убедувале дека не се. Нѐ убедувале дека не смееме да ги сакаме или да ги имаме. Оваа книга може да ви помогне да сфатите дека не е така. Дека сме дојдени како духовни битија во материјалниот свет за да можеме да го живееме балансот меѓу духовното и материјалното. Но дека прво поентата е да БИДЕШ за да можеш да ја живееш сета убавина и да ИМАШ.ИМАЈ ќе биде ваша награда за БИДИ. Ова е книга што ќе ги освести вашите негативни програми за парите, која ќе ви помогне да ги промените вашите убедувања што не ви служат, која ќе ве воведе во методите со кои ќе ја менувате својата вибрација кон парите и која ќе стане ваш сопатник во практиката на патот до остварување финансиска слобода. Вреди да бидете возбудени бидејќи, штом ќе поверувате во она што ќе го прочитате овде и ќе станете доследни во практичната примена на наученото, финансиското изобилство и слобода ќе станат дел од вашата реалност.А слободата е најголемиот подарок што можете да си го подарите себеси.
Questions and Answers
You are not logged in