Блажени нишки

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: / | Num. of pages: 310 | Dimensions: 13х20 | Cover: мека

Колку што се големи делата на Блаже Конески, како на научен така и на книжевен план, толку се големи и неговите релации на градењето мостови меѓу луѓето. Не само на овие наши простори туку и низ целиот свет. Воспоставувал непосредни контакти и пружал рака за соработка и за пријателство, водел разговори со недобројни личности, познати и непознати. Книгата „Блажени нишки“ е насочена кон осветлување на дел од животот и делото на големиот литературен и научен деец од агол што досега не беше јавно претставен. Тоа е неговото другарување со соученик од гимназиското школување во Крагуевац, каде што првпат се сретнал и се зближил со петтокласникот Никола Кујунџиски. Блаже од Небрегово, Прилепско; Никола од Пехчево, Малешевско. Иако Никола Кујунџиски се определил за друга професија, неговите поетски искри што заискриле паралелно со Блажевите, уште во средношколските денови, неговата љубов кон убавиот пишан збор и кон фотографијата и кон уметноста воопшто, биле уште една значајна нишка што ги поврзувала и ги надградувала нивните дружења и соработка. На овие страници, преку документаристичко и впечатливо изведените опсервации, анализи, компарации и толкувања од страна на авторот, ги согледуваме почитта и поврзаноста на Конески и Кујунџиски на еден посебен и специфичен начин. Почит и поврзаност што продолжуваат и понатаму...

Price: 400 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Блажени нишки

Category:
SKU: 978-608-243-400-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Блажени нишки”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in