Божиќ во Шкотска

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: The Christmas Sisters | Бр. на страни: 396 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во снежните Шкотски Гори, Сузан Мекбрајд сонува за совршен Божиќ. Нејзините три посвоени ќерки доаѓаат дома за празниците и таа со нетрпение ги чека. Напнатоста расте…

Хана, зависничка од работа, знае дека не може две години по ред да го избегнува празнувањето со семејството. Но паниката не е предизвикана од тежината на нивните очекувања – туку од големата тајна што ја крие.

Мајката домаќинка Бет доживува лична криза и за време на Божиќ сака само да размисли дали е подготвена да се врати на работа – семејната средба би требало да ѝ го намали стресот, не да го зголеми.

Поузи не е сигурна дека ужива во животот, но бидејќи нејзините родители зависат од неа, ризично е да направи промена. Но сепак, не е толку ризично колку што е вљубувањето во прекрасниот нов сосед Лук.

Додека сонот на Сузан за совршен Божиќ пропаѓа, мора да верува дека празничната магија ќе ги сплоти нејзините ќерки. Но дали оваа нова сплотеност ќе ги научи сестрите дека нивната врска е доволно цврста за да издржи сѐ – вклучувајќи и еден необичен семеен Божиќ?

Цена: 490 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Божиќ во Шкотска

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-260-188-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Божиќ во Шкотска”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in