Чадор без рака да го држи
Author:
Бранко Прља
Publisher:
Готен |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Чадор без рака да го држи |
Num. of pages:
64 |
Dimensions:
100 x 5 x 100 cm
|
Cover:
тврда
Во оваа проза ќе се сретнете со вивисекција на вжештеното електронско секојдневие, кое го турка човекот во виртуелниот свет, пропуштајќи го патувањето во сопствениот свет, од кој може да излезе со еден грст креативни идеи. Книгата ја доживеав како една „капка“ од Универзалниот УМ, која слободно лебди и зазема секакви облици и форми и остроумно гледа низ различни призми: телесни, интелектуални, психолошки, социјални, физички и метафизички, релативистички итн., но сепак суштината останува иста – непроменета и вечна потрага по вистината за животот и за меѓучовечките релации. Од една страна го отсликува слободниот пад на овој цивилизациски миг, кој во неврат ита во немерливо длабоките амбиси на егзистенцијалниот вакуум, за кој нè опоменуваше Виктор Франкл. А од таму извира празнотијата на нашите животи – par exellence! Но, од друга страна овие златни букви испишани од правот на реализмот потсеќаат и на зборовите на Рабиндранат Тагоре: „Судбината не нè ограби сосема!“ Марија Арсовска
Reviews
There are no reviews yet.