Чаша чај од смртен грев
Author:
Верица Ацеска
Publisher:
Прозарт Паблишинг |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Чаша чај од смртен грев |
Num. of pages:
150 |
Dimensions:
165x120
|
Cover:
мека
- Прецизните психолошки карактеризации, заводливите текови на заплетите и притоа лесната читливост што ве тера да ја „издолжите“ книгата за уште некое поглавје повеќе, се главната карактеристика на третата прозна книга на Верица Ацеска. Влезе ненаметливо на нашата книжевна сцена со „женската“, разговорлива новела насловена „19“, си го освои местото со „Паралел“ (неверојатно зборопривлечна за консумирање, во која ликовите најобјективно нѐ соочуваат со сопствената реалност, низ принципите на филмската наративност) и сега се потврдува како сериозна писателка со „Чаша чај од смртен грев“. „Чаша чај од смртен грев“ е комплексен и истовремено едноставно напишан роман, во кој авторката, онака како што им успева само на малкумина, мошне лесно ја води приказната од една наративна точка до друга, притоа „заведувајќи“ нѐ нас читателите со леснотијата на читањето на една исклучително тешка тема поврзана со децата, детството, саканите и несаканите деца, малтретираните деца, децата чие детство не им помага во светот кога ќе пораснат и остарат, ниту им го менува животот токму поради тие детски трауми. Колку и да ве заведува лесното читање, оваа книга е сѐ само не лесна. Авторката, на рамниште на одличен познавач на човековата природа нѐ води низ сериозните, клучните животни процеси на неколкуте главни ликови, сите централно поставени околу ликот на Тања, младата жена, професорка по физика, што на почетокот на книгата ја запознаваме и преку нејзината најрана младост, првата љубов и истовремено случените настани, но и оние потенцијалните, никогаш не реализирани. Од првата до последната средба со Тања, ние како читатели, нејзиниот лик го гледаме јасно пред нас, што е исклучителна одлика на авторката и дури и не сакаме така да заврши нејзината сторија.
Проф. д-р Ана Стојаноска
Questions and Answers
You are not logged in