Девици и волци
Евгенија е необична девојка. Изгледа прекрасно и невино, но таа е безмилосна. Шокантните сеќавања и тајните од детството се длабок мотив за одмазда. Евгенија има една цел – да ги убие монструмите од детството. Кога е веќе сигурно дека правдата не постои, а вистината е мртва, ѓаволот доаѓа по .
Евгенија го мрази машкиот свет. Решена е да не се предаде на ниту еден маж во животот, но еден погрешен телефонски повик во време кога Евгенија им погледнува во очи на демоните од минатото, ќе го растрепери нејзиното челично срце. Антониј ќе се појави во нејзиниот живот како ветер што дува без правец.
Антониј е осамен, шармантен, неодолив инспектор, нетипичен полицаец кој има празно срце за љубење, но мора да се задоволи со незаситени страсти и трошка љубов од неговата лоша девојка. За него правдата е нешто свето, се бори до последен здив за неа, но правдата знае да има две лица, две вистини. Правдата е и мрачна, ако имаш доблест да ја погледнеш и од зад грб.
Дали ќе ја љуби Евгенија, ако дознае дека направила нешто страшно што се коси по сите негови животни принципи?
Делумно романса, делумно морничав, опсесивен трилер кој обработува болни општествени теми. Имајте на ум дека треба да имате добар желудник и силно срце за оваа книга.
Чувствата за главниот лик ќе ве излудат, ќе се вљубите во неа. Истовремено и ќе ја сакате, и ќе ја мразите.
Евгенија е лик што никогаш не се заборава!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.