Девојката со зелените очи
Автор:
Милица Јаковлевиќ МИР-ЈАМ
Издавач:
Мартина |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Девојка са зеленим очима |
Бр. на страни:
163 |
Димензии:
21x14
|
Корица:
тврда
„Ох јас сепак сум среќна, не жалам што ќе умрам. Само сакам да знаеш од каде ми се оние фустани.... криев од тебе. Мојот татко не е службеник, туку портир во оваа зграда, а мајка ми, таа пере облека за неколку куќи. Пере и кај една богата дама.... Таа многу ја сака, затоа секогаш и ги дава фустаните што не сака повеќе да ги носи..... Бев среќна што ќе ти бидам убава, што ќе ти се допаднам.... Знаев, дека се дружиш со богати госпоѓици, затоа сакав и јас да бидам елегантна како нив... Не смеев да ти кажам дека тие, фустаните се стари... Ти мислеше дека се нови...“
„Затоа што твојата младост беше убава, затоа што се изгледаше свежо и ново. Зошто не ми кажа, Кринка? Јас сум богат. Ќе ти купев се.... Ах, каков бедник! Да те обвинувам тебе, мој убав син цвету.... Страшни јадови и маки го кинеа тоа убаво, наивно и чисто тело.... А тој, тој богат бонвиван кој немилосрдно ги оставаше жените, барајќи само една, а кога ја најде мораше да ја гледа на смртна постела.
Ја погребаа Кринка....
Покрај гробот стоеше едно елегантно момче со расплакани очи, а откако се оддалечија сите, тој остана последен, клекна, го бакна крстот и изусти:
„Збогум, љубов моја единствена! Убав, син, цвету мој!“
Questions and Answers
You are not logged in