Девојката во огледалото

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: ǂThe ǂgirl in the mirror | Бр. на страни: 310 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Напишан во напнат стил од кој се заледува крвта, полн ненадејни пресврти, во кој се напишани и Сопругата меѓу нас и Има нешто во водата, ова е трилер кој веднаш привлекува со приказната за идентични близначки, алчност, тајни и за смртоносни лаги. Ајрис и Самер, сестрите близначки, изгледаат вџасувачки исто: но, под она што се гледа лежи една темнина која сосем ги разликува. Цинична и несигурна, Ајрис одамна ѝ завидува на Самер за нејзината навидум вечно среќна судбина. Кога Самер ја повикува Ајрис на Тајланд за да ѝ помогне да ја однесат семејната јахта по морски пат до Сејшелите, Ајрис почнува скришно да се надева дека на тоа патување ќе се случат некои работи. Но, еден вознемирувачки инцидент среде Индискиот Океан менува сè. Ајрис сега добива можност да зачекори во оној златен живот за кој секогаш ѝ завидувала на сестра си, и да се доближи уште малку до наследството вредно сто милиони долари што им го оставил нејзиниот татко манипулатор. Ајрис само треба да се погрижи токму таа од сите седум негови деца да биде првата што ќе ги исполни чудните услови наведени во тестаментот. Но, Ајрис набргу открива дека нејзината сестра близначка чувала повеќе од една тајна, и сега животот ѝ се тетерави меѓу гламурозен сон и параноичен кошмар. Во семејство во кое победникот собира буквално сè, кому да верува? И, колку далеку ќе оди за да го дограби животот за кој отсекогаш сонувала?

Цена: 399 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Девојката во огледалото

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-693-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Девојката во огледалото”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in