Дневникот на солзата
Author:
Силвана Панова-Мавромихаилова
Publisher:
Силвана Панова-Мавромихаилова |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Дневникот на солзата |
Num. of pages:
77 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
„Дневникот на солзата“ плени со стегнататиот, течен и едноставен израз, со внатрешната кохезија на стиховите кои истовремено смируваат и провоцираат - тревожат. Солзите како сведок на постоењето, врамени во една рамка претставени како вечност, се нишката која поврзува сè во „Дневникот на солзата“. Зачинувајќи ги овие богати поетски изкази со архаична лексика, интелектуалната и меѓујазична игра нè води до констатација дека се околу нас е претставено преку солзата - за живот, и за среќа, и за тага, радост или болка. Поезијата на Мавромихаилова напати наликува на постмодернистичка поезија, напати е импресија или експресија, напати е темен модернистички симболизам. Тон на раскажувачка која запишува емоции преку алтернации и асоница. Персонифицираното лирско Јас, ве мами од насловот на корицата , ве води кон светови и наслаги од загубени и добиени љубови, загубени и освоени битки во преживувањето на полето љубов (а, има ли некое друго?!). Ратификацијата на лирското Јас кое бара да стане камен (Преобразба), чисти записи јас - форма во кои се бара и смртта и љубовта (иЕросот и Танатасот), а има ли нешто и некој кој не ја чувствува парадоксалната двојка која не се одвојува (Признание). Такви се љубовите, според поетесата и „Исцелител“ и „Пропаст“. Лирското Јас силно се бунтува против сè што е лицемерно и го брани ставот на оној кој е активен во актот на љубовта, иронилно припишувајќи му наивност. Но, во овие стихови наивност нема особено ако се има предвид на небајковитоста на која повикува лирскиот субјет од истоимената песна. Јазичното богатство се движи низ повеќе линии, но секогаш стилот е препознатлив.
Reviews
There are no reviews yet.