Доктор Проктор и големата кражба на злато

Автор: Ју Несбе
Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Doktor Proktor det store gullrøverie | Бр. на страни: 250 | Димензии: 21 см | Корица: /

Кога озлогласените браќа Кранч ќе ја ограбат државната резерва на злато, а за неколку дена доаѓа инспекција од Светската банка, норвешкиот крал мора да донесе брза одлука – кој може да ја спаси земјата од сиромаштија и од голем срам? Единствените достојни за таа тешка и одговорна задача се доктор Проктор, Буле и Лисе, кои веќе го имаат спасено светот и од други катастрофи. И така, славната тројка заминува за Лондон. Таму ги среќава специјалните агенти на Скотланд јард и од нив добива тајни инструкции.

Буле се инфилтрира во бандата Кранч и успева да дознае дека златото е во рацете на рускиот милијардер Рублов, кој сака од него да го направи трофејот за Фудбалскиот куп. По неуспешниот обид за провала во сефот, тие мора да им се приклучат на најлошите фудбалери на светот и да им помогнат да го освојат Купот. Па малку со помош на лукав план, малку со волшебната чизма и ракавица, а на крај и со прдонаутскиот прав на доктор Проктор – аутсајдерите на Ротенхем имаат шанса да го освојат трофејот, првпат во своето стогодишно постоење!

Победничка комбинација од хумор и авантура што веднаш ќе ве освои!

Цена: 350 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Доктор Проктор и големата кражба на злато

Категорија:
ИСБН: 978-608-4892-35-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Доктор Проктор и големата кражба на злато”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in