Дожд и хартија
Оригинален наслов:
Kisa i hartija |
Бр. на страни:
284 |
Димензии:
/
|
Корица:
тврда
Краток опис
„Дожд и хартија“ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година.
Ова е роман над чии меланхолични и потресни страници се надвива озвучената стварност на еден актуелен и контроверзен свет во кој јунаците на Тасиќ тежнеат да се ослободат од внатрешните и надворешните прогонства. Хероината, како раскажувач, ја сведува својата животна приказна меѓу Нови Сад, Лондон, Даблин... во чии рамки прозборуваат многу нејзини блиски пријатели како актери во потрагата за ослободување и отелотворување на своите соништа, распрснати по градовите на Европа и Америка. Романот е слика на културата и нејзините чудесни евокации, удари и екстази, имагинативна, иронична и горчлива приказна за една генерација, за еден град, за знаењата, поврзаноста и емоциите кои се распрснуваат во принудните животни избори и неговата неостварена поезија. Раскажан во преплетување на ерудицијата и иронијата, на фикцијата и потресниот документаризам, со неспорно раскажувачко мајсторство, овој роман е автентично и силно сведоштво за нашето време, роман кој го афирмира Тасиќ како еден од најубедливите претставници на новиот дух во српската книжевност.
„Дожд и хартија“ ја доби и наградата Златен сончоглед за 2004 година.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.