Доживувањата на добриот војник Швејк, том 1

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: OSUDY DOBRÉHO VOJÁKA ŠVEJKA ZA SVĚTOVÉ VÁLKY | Бр. на страни: 206 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Безмалку персонификација на типичниот Чех, „Добриот војник Швејк“ е краткиот наслов и главниот лик во незавршениот капитален црнохуморен и сатиричен роман на Јарослав Хашек, кој благодарение на сопствената некомпетентност (иако е нејасно дали е фактичка или хамлетовска), успева непрестајно да го осуетува авторитетот на целата австро-унгарска воена машинерија, попатно дофрлајќи и по некоја шега на сметка на корумпираните католички свештеници. 

Најпреведувано дело кога и да е напишано на чешки јазик, „Доживувањата на добриот војник Швејк“ е еден од врвовите на долгиот низ на субверзивни комични романи со политичко-општествени импликации и со длабоки корени во европската книжевна традиција. Токму мешавината на дигресии, хумор и анегдоти со реалните проблеми и ужаси на војната, го прави „Швејк“ и едно од најчитаните дела со тематика од Првата светска војна, а можеби и првиот голем антивоен роман.


Изворно замислен како шесттомно издание, „Швејк“ ќе биде само двотретински комплетиран кога срцев удар ќе го спречи Хашек да го доврши своето ремек-дело. Овој прв том, под насловот „V zázemí“, е изворно издаден во 1921 година, кога е и незаборавно илустриран од Јозеф Лада.

Цена: 200 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Доживувањата на добриот војник Швејк, том 1

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-744-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Доживувањата на добриот војник Швејк, том 1”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in