Една митопоетика
Author:
Софија Тренчовска
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Една митопоетика |
Num. of pages:
160 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Во првиот дел на книгата е содржано студиозното монографско истражување „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“ со херменевтички, митопоетски, филозофски и научен дискурс кон драмското творештво на овој македонски писател. Притоа авторката Тренчовска прави интерпретации на пиесите „Еригон“, „Мацедонише цуштенде“, „Југословенска антитеза“, „Р“ и „Слободен лов“ кои упатуваат на еден автентичен митопоетски систем. Вториот дел на книгата е составен од три текста за делата на Војдан Чернодрински, Ѓорги Абаџиев и Коле Чашуле, во областите: театар, интермедијалност, филм и наратологија… Рецензентот на книгата „Една митопоетика“, проф. д-р Кристина Николовска, во предговорот пишува: „…Авторската херменевтика на Тренчовска е веќе оформена и препознатлива стилема, која го краси нејзиниот подвиг и го искачува до ранг на монументалност…“ Книгата претставува своевиден прилог кон феноменологијата на новата македонска драмска книжевност
Questions and Answers
You are not logged in