Еднаш одигравме љубов
Автор:
Елена Конеска
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Еднаш одигравме љубов |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
Триесетгодишна жена одлучува да промени нешто во својот професионален живот започнувајќи нова работа. На своето прво службено патување и прва работна задача, која очекува беспрекорно да ја исполни, запознава млад португалски писател во кого се вљубува и со кого започнува „електронска љубовна врска на далечина“. Кратката романса, вљубувањето, очекувањето и разочарувањето што неминовно следуваат се патот на созревањето и на спознавањето на сопствените желби. Романот ги следи емоционалниот развој на млада жена во современиот свет и љубовните болки и страдања како основа на тоа созревање. Погледите за неминовноста на љубовта и страдањата дадени само од женска перспектива, проткаени со низа емоции и раскажани речиси онака како што се доживеани, даваат автентична и реална слика на целиот роман.„Романот Еднаш одигравме љубов од Елена Конеска е извонредно дело со цврста композиција, течна нарација и лесен стил на изразување на прозните ситуации во прозни слики“.Марина Мијаковска
Questions and Answers
You are not logged in