Еднаш одигравме љубов

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Еднаш одигравме љубов | Бр. на страни: 208 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Триесетгодишна жена одлучува да промени нешто во својот професионален живот започнувајќи нова работа. На своето прво службено патување и прва работна задача, која очекува беспрекорно да ја исполни, запознава млад португалски писател во кого се вљубува и со кого започнува „електронска љубовна врска на далечина“. Кратката романса, вљубувањето, очекувањето и разочарувањето што неминовно следуваат се патот на созревањето и на спознавањето на сопствените желби. Романот ги следи емоционалниот развој на млада жена во современиот свет и љубовните болки и страдања како основа на тоа созревање. Погледите за неминовноста на љубовта и страдањата дадени само од женска перспектива, проткаени со низа емоции и раскажани речиси онака како што се доживеани, даваат автентична и реална слика на целиот роман.„Романот Еднаш одигравме љубов од Елена Конеска е извонредно дело со цврста композиција, течна нарација и лесен стил на изразување на прозните ситуации во прозни слики“.Марина Мијаковска
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Еднаш одигравме љубов

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-140-6

Questions and Answers

You are not logged in