Едукативен пакет „Децата и планините“
Автор:
Билјана С. Црвенковска
Издавач:
Чудна шума |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Едукативен пакет „Децата и планините“ |
Бр. на страни:
10 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Преку едукативниот пакет „Децата и планините“ (папка, брошура со карта на планините во Македонија и леток), малите читатели ќе имаат можност да ги научат поголемите планини во Македонија, планинските масиви и планинските венци и каде се наоѓаат тие; највисоките врвови на планините; големите леднички или глацијални езера (кои настанале со топење на мразот за време на ледената доба), водопадите и изворите на големите реки, како и растенијата (флората) и животните (фауната) на тие планини (меѓу кои и повеќе ендемични видови, што живеат само на тоа место на планетата). Во средината на брошурата, децата ќе најдат и мала планинска карта. Со неа полесно ќе ги пронајдат планините што се споменати во текстот и, веруваме, ќе одлучат и да ги посетат. Со други зборови, целта на овој пакет е не само да учењето на планините туку и нивно запознавање и – се разбира – развивање на љубов кон планините од најмала возраст. Со скенирање на QR кодот на пакетот, децата ќе можат да ја посетат и веб страницата „Децата и планините“ во рамки на бесплатното е-списание „Чудна шума“ и да ги прошират дополнително своите знаења за планините.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.