Економија на микрофинансирањето

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: The Economics of Microfinance | Num. of pages: 488 | Dimensions: 148x228 | Cover: /

Микрофинансиската револуција им овозможи на повеќе од 150 милиони сиромашни луѓе ширум светот да добијат мали кредити без гаранција и да имаат осигурување. Во оваа книга читателите се запознаваат со клучните идеи што го активирале процесот на микрофинансирање, разгледувајќи ги притоа и прашањата во врска со штедењето, осигурувањето и мерењето на влијанијата.
Трендот на микрофинансирањето особено зема замав во 2005 година кога Обединетите нации таа година ја прогласија за година на микрокредитирањето, а уште повеќе се актуелизира во 2006 година кога Мухамед Јунус, еден од пионерите на микрофинансирањето, ја доби Нобеловата награда за мир. Оттогаш
, па до денешен ден, микрокредитирањето бележи постојан раст. На таа тема сè повеќе се зборува во медиумите, се прават нови истражувања и се разгледуваат нови можности за развој.
Придонес кон овој глобален тренд даваат и авторите на оваа исклучителна книга, кои уште повеќе го прошируваат своето објаснување за микрофинансирањето, навлегувајќи во областа на самото финансирање. Беатриз Армендариз е професор по економија на Катедрата за економија при Универзитетот „Харвард“, а Џонатан Мордак е професор по јавна политика и по економија на Факултетот за јавна служба
„Вагнер“ при Универзитетот „Њујорк“.
Тие пишуваат за тоа што веќе го знаеме и за тоа што треба да го знаеме, како би продолжиле напред со нови идеи за намалување на сиромаштијата, за финансирање и за стимулирање. Оваа книга е прекрасен придонес кон таа цел, пренесувајќи едно големо искуство во микрофинансирањето и длабоко разбирање на економијата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1990 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Економија на микрофинансирањето

Category:
SKU: 978-608-229-035-5

1 review for Економија на микрофинансирањето

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in