Економска географија и јавна политика
Во книгата се опишани многубројни нови политички сознанија кои ги нудат моделите од економската географија во областа на теоретската политичка анализа. Конкретно се дадени моделите на средиште - периферија, на слободен капитал, на слободен претприемчив човек, на концентрирање капитал, на глобално и на локално одлевање, на вертикално поврзување и линеарните модели. Фокусот е врз трговската, даночната и врз регионална политика, при што со примена на моделите се обработуваат разни реални ситуации. Авторите не само што обезбедиле нова анализа туку и направиле синтеза од сознанијата во постојната литература.
Ричард Балдвин е професор по меѓународна економија на Институтот за меѓународни студии во Женева. Рикард Форслид е доцент по економија на Универзитетот „Стокхолм“. Филип Мартин е професор по економија на Универзитетот „Париз I“. Жанмарко Отавијано е професор по економија на Универзитетот „Болоња“. Фредерик Роберт-Никауд е доцент по економија на Универзитетот „Женева“.
Одлична меѓународна екипа од автори за креирање одлична книга. Тие создале еден извонреден преглед на сè она што може да се постигне со примена на алатките од економската географија на различни полиња во економијата. Овој преглед треба да биде дел од професионалната стручна литература на секој што активно работи во доменот на трговијата, данокот и на регионалните политики.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Економска географија и јавна политика
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –