Економски ефекти на буџетот на владата

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Economic Effects of the Government Budget | Num. of pages: 368 | Dimensions: 150x228 | Cover: /

Ефектите што ќе произлезат од добро или од лошо скроениот владин буџет имаат големо влијание врз општеството и врз економијата, а особено врз потрошувачите и врз даночните обврзници. Поради тоа, ова поле отсекогаш било од голем интерес за сите економисти. Во првиот дел од оваа книга уредниците предвиделе анализа на сите компоненти од еден владин буџет (трошоците, приходите и дефицитот), со посебен акцент на прашањата поврзани со трансферот на долгот кон идните генерации и намалувањето на корпоративните даночни приходи.
Понатаму низ содржината се обработуваат микроекономските и макроекономските аспекти од буџетските политики и нивното влијание на инфлацијата, ефикасноста, билансот на плаќањата, девизните курсеви и на процесот на одлучување. На крајот од книгата има преглед на можностите за стабилизација на економиите и за санирање на последиците од кризите во билансите на плаќање, управувањето со девизниот курс и девизниот платен промет со странство.
За сето ова да биде напишано и објаснето на високо стручно ниво се погрижија уредниците на ова издание: Елханан Хелпман, професор на економскиот факултет при Универзитетот од Тел Авив, Асаф Разин, професор по јавна економија на Универзитетот во Тел Авив, професор по меѓународна економија на Универзитетот „Корнел“, соработник за истражување во Националното биро за економски истражувања и повремен истражувач во Центарот за истражување на економската политика и Ефраим Садка, професор по меѓународни капитални пазари на Универзитетот во Тел Авив и повремен истражувач во
CESifo, заедно со професорот Асаф Разин.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1490 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Економски ефекти на буџетот на владата

Category:
SKU: 978-608-229-293-9

1 review for Економски ефекти на буџетот на владата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in