Ерусалимски раскази / Кафка во Ерусалим
Својата долгогодишна писателска кариера Виктор Фишл ја почнал како поет, а подоцна се надоврзал со кратки раскази и романи. Ерусалимски раскази и Кафка во Ерусалим се неговите две најпознати книги. Заедничко обележје на овие хумористични и носталгични раскази, исполнети со чудните и чудесни жители на Ерусалим, е необичната фасцинација од градот во кој авторот живеел со години и за кој вели: „Тоа постојано се случува во Ерусалим. Ќе дојдеш до завршетокот, а потоа гледаш нова мрежа од можности. Мислиш дека си дошол до крајот на патот, а ти всушност си на крстопат, односно на почетокот на голем број нови патувања... бидејќи овој град, каде што сè расте и каде што нема почеток и крај, е идеален за секој човек, но најдобар е за книжевниците. За делата што ги пишуваат“. Постојат два пата до Ерусалим: да се влезе преку Портата Јафа или да се отвори оваа книга.
1 оценка за Ерусалимски раскази / Кафка во Ерусалим
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –