Фантомот од Oперата

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Фантомот од Oперата | Бр. на страни: 224 | Димензии: 13,5 x 21 | Корица: мека

Гастон Луј Алфред Леру е роден на 6 мај 1868 г. во Париз, како син на богат трговец. Се школувал во Нормандија и студирал право во Париз по волја на татка си и покрај желбата да биде новинар и писател. По смртта на неговиот татко, наследил близу еден милион франци, што му овозможиле да се откаже од студиите и да води хедонистички живот, па за кусо време бил на работ од банкрот. За една година соочувајќи се со потребата да најде работа, нашол место како известувач од париските судници и бил театарски критичар за „Ехо де Пари“. Сепак, студиите по право ги завршил во 1889 г. Во 1892 г. се афирмирал како првиот француски истражувачки новинар решавајќи еден сензационален случај, пред истиот да дојде до судницата. До неговата триесетта година Леру станал најпопуларниот репортер на своето време, работејќи за парискиот весник „Ле Матен“. Леру почнал да пишува романи под влијание на мајсторите во детективската фикција, Едгар Алан По, Стендал и Артур Конан Дојл. Делото со кое се пробива е „Мистеријата на жолтата соба“ (1907). По големиот успех на овој роман следува негово продолжение „Парфемот на дамата во црно“ (1910), кој за жал доживува неуспех. Во истата 1910 г. Леру го издава своето најзначајно дело „Фантомот од Операта“. Ова истовремено е детективска приказна и темна романтична мелодрама, инспирирана од пасијата и опсесијата на Леру со париската Опера. Бил фасциниран од Операта, која што била сметана за архитектонското чудо на XIX век, и со сета своја грандиозност и функционалност во тоа време претставувала еден мал самостоен град. За време на неговите посети на Операта, Леру многупати ја слушнал легендата за еден бизарен лик, според многумина дух или фантом, кој тајно живеел во лавиринтите од подрумите на Операта, и кој наводно, организирал неколку ужасни несреќи во театарот. Приказните го разбудиле новинарскиот апетит на Леру, кој се впуштил во потемелни истражувања, а подоцнa одлучил своите откритија да ги преточи во роман. Еден од највпечатливите аспекти на овој роман е карактерот Ерик, фантомот лично. Тој е човек кој истовремено се презира и сожалува. Портретот на Леру за ова суштество, чии мотиви се себични и сурови, а сепак толку лукави, прави читателот без оглед на сè да сочувствува со него. Ерик станува икона на хорор литературата и хорор филмовите. Верувањето на Леру дека такво суштество вистина живеело се пренесува низ целиот роман. Во неговиот предговор тој тврди: „Фантомот од Операта навистина постоел. Не бил, како што долго време се верувало, креација на имагинацијата.“ Романот доживеа серија обработки - филмски, театарски и оперски изведби.
Рангирано 5.00 од 5 според 5 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Фантомот од Oперата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-12-4

Questions and Answers

You are not logged in