Фрида или за болката
Автор:
Славенка Дракулиќ
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Frida ili o boli |
Бр. на страни:
184 |
Димензии:
129 x 198 mm
|
Корица:
мека
Фрида или за болката не е толку животопис на славната мексиканска сликарка Фрида Кало, колку што е интимен опис на болката, а во таа смисла и на животот како болка. Љубовта и болката се опсесивни теми за Славенка Дракулиќ, а во Фрида Кало пронашла хероина којашто ѝ овозможила да ги истражи најдлабоките и најосновни чувства кај човекот. Фрида, и покрај постојаната и неподнослива болка предизвикана од многубројните операции, живеела интензивно и исполнето. Нурнувајќи се во нејзиниот свет, со многу деликатност, Славенка Дракулиќ напиша фасцинантен роман во кој постојано се испреплетуваат јазикот на болката и јазикот на љубовта.
Questions and Answers
You are not logged in