Главниот куклар
Во 1998 година, Кетрин Патерсон ја добива наградата Ханс Кристијан Андерсен за нејзиниот „континуиран придонес“ како автор на книги за деца и млади, а во 2006 година ја добива и меморијалната награда Астрид Линдгрен.
Главниот куклар е роман историски сместен во Осака, Јапонија, во 18 век, во периодот кога владее голема глад.
Покрај тоа, е фасцинантен приказ на комплексната уметност на Бунраку– јапонскиот куклен театар: начинот на кој операторите управуваат со куклите, главните ликови, темите и структурата на традиционалните јапонски
драми Бунраку. Но, иако романот има своја историска основа во јапонската историја и традиција, главен двигател на приказната е робинхудовската нишка што ја дава таинствениот лик Сабуро – бандитот кој ги ограбува богатите за да им помогне на гладните и сиромашни жители на Осака.
Но, кој е човекот познат како Сабуро? И која е неговата врска со Јошида, грубиот и темпераментен господар на најпознатиот куклен театар во феудална Јапонија?
Reviews
There are no reviews yet.