Глувци и луѓе

Издавач: Слово | Јазик: Македонски | Година: 2006
Оригинален наслов: Of Mice and Men | Бр. на страни: 125 | Димензии: 19см | Корица: /

Глувци и луѓе е приказна за двајца осамени и отуѓени работници, кои во времето на Големата депресија во потрага по работа талкаат по прашливите зеленчукови полиња на Калифорнија и прифаќаат ангажман секогаш кога можат, живеејќи од ден за ден.Лени е нежен, огромен и физички силен, но ментално заостанат. Џорџ, „мал, брз и со темно лице“, го штити и го води Лени, но истовремено и зависи од неговото пријателство. Заедно сонуваат еден ден да поседуваат парче земја и колиба што ќе биде само нивна.Џорџ и Лени се, всушност, изгубените глувци во лавиринтот на модерниот живот. Наивни луѓе чијшто свет се руши кога ќе се соочат со реалноста во која доминираат материјализмот и алчноста. Нивните надежи за остварување на американскиот сон брутално ќе бидат уништени со трагичниот инцидент, кој ќе ги направи аутсајдери во општеството што засекогаш ќе им остане туѓо.Стајнбек со навидум едноставен, а сепак полн со значења јазик ги опишува природата, луѓето и релациите што тие ги создаваат. Тој е автор со силно развиено чувство за психолошко нијансирање, создавање напнатост и драмски ситуации. Поради сето ова, Глувци и луѓе спаѓа меѓу најдобрите куси романи во американската книжевност на сите времиња.
Рангирано 5 од 5 според 1 рејтингот на корисниците

Цена: 189 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Слово

Report an abuse for product Глувци и луѓе

Категорија:
ИСБН: 9989-103-54-2

Questions and Answers

You are not logged in