Годините кога научив да летам
Автор:
Евгениј Хоуп
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Годините кога научив да летам |
Бр. на страни:
280 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден што го поминуваат заедно, девојката исчезнува, како никогаш да не постоела, фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага, и нему единствената надеж да ја најде, е едно книжуле со неколку скинати страници, со размисли за некаков утопистички остров. Талкајќи по недобројните патишта на Европа, Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува, иако не знае дали воопшто постои. Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа. Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве внурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.