Горе е тивко
Спокојно раскажана приказна под чија површина вријат страсти и неспокојни размисли за вината и личната одговорност.
Откако неговиот брат близнак загинува во сообраќајна несреќа, Хелмер е принуден да се откаже од студиите и да остане на малата семејна фарма, помирувајќи се што мора да го мине животот „со главата под крава“. Сите години zе врзан за фармата и не се оженил, измачуван од премолчаното чувство дека татко му повеќе го сакал другиот брат, кој требало да ја наследи фармата. Романот почнува триесет години по трагичниот настан, кога Хелмер го преселува неподвижниот татко на горниот кат за да може да го преуреди долниот дел од семејната куќа по своја желба.
Ненадејното појавување на некогашната свршеница на брат му, со необичната молба нејзиниот апатичен осумнаесетгодишен син да поработи на нивната фарма, покренува во него лавина од потиснувани спомени и измешани чувства. Пристигнувањето на третата личност ја менува секојдневната динамика на фармата и го принудува Хелмер да размисли за врската со таткото и со покојниот брат, како и за тоа што сака да прави по татковата смрт. Навидум роман за едноличниот живот на село, Горе е тивко на крајот поставува тешки прашања за осаменоста, за потрагата по смисла и за можноста да се земе животот во свои раце.
Reviews
There are no reviews yet.