Госпоѓица Дурдана

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Dürdane Hanım | Бр. на страни: 182 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

Авторот на романот Госпоѓица Дурдана, Ахмет Митхат Ефенди е еден од најплодните писатели од периодот на Реформата на османлиското општество. Напишал околу 150 дела од кои најголемиот дел се романи и раскази. Се смета за  прв популарен писател во турската книжевност кој има одиграно големо влијание врз воведувањето на романот како литературен вид  и во оваа област дал осумдесетина дела. Романот Госпоѓица Дурдана е еден од неговите најинтересни дела. Приказната за одмаздата на богатата вдовица, г-ѓа Улвие, кон измамникот г. Мергуп, во име на главната хероина, г-ѓца Дурдана, која е слепо заљубена во него, изобилува со низа ситуации кои се испреплетуваат една со друга и до последниот миг го задржуваат вниманието на читателот. И во овој роман писателот се појавува како популарен народен раскажувач, кој не е апстрахиран од јунаците и читателот, туку повремено води директен дијалог со самиот читател, вовлекувајќи го и него во морализирањето околу настаните и јунаците на делото.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 350 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Госпоѓица Дурдана

Категорија:
ИСБН: 978-608-65521-8-3

Questions and Answers

You are not logged in