Госпоѓица Елза и други новели
Автор:
Артур Шницлер
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Leutnant Gustl; Fräulein Else; Traumnovelle |
Бр. на страни:
176 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
мека
Артур Шницлер (1862 – 1931), е австриски лекар и писател, клучен автор на австриската уметност од крајот на XIX и првите децении на XX век. Се смета за еден од најсофистицираните писатели на своето време. Новелите вклучени во оваа книга (Потпоручникот Густ, Госпоѓица Елза и Новела за сонот) нудат одличен пресек на неговата раскажувачка умешност. Шницлер создава необични ситуации, незаборавни ликови, а со употребата на внатрешниот монолог и течението на свеста, ја истражува сложеноста на нивниот внатрешен живот. Резултат на тоа се психолошки убедливи приказни за љубовта, сексот и смртта. Иако се напишани речиси пред еден век, тие се свежи и релевантни и за денешниот читател. ...тука ги наоѓаме сите универзални човечки теми: копнежот по еротско исполнување, кршливоста на љубовта, желбата за богатство, неочекуваната смрт... овие приказни се цврсти како карпа.
Publishers Weekly
Шницлер навистина може да погледне во душите на луѓето и да даде глас на хаосот што ќе го пронајде таму.
The New Yorker
Приказните носат исчекување, задоволство, забава... Шницлер се чита со задоволство и леснотија.
The New York Times
Оценки
Сѐ уште нема оценки.