Град во огледало

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Grad u zrcalu | Бр. на страни: 360 | Димензии: 140x200 | Корица: /

Оваа меланхолична семејна хроника, раскажана во прво лице, со автобиографски елементи, на извесен начин претставува простување на писателот од родниот крај: едноставно раскажано семејно ноктурно. Како фини нишки во заднината на приказната се нагласени препознатливите општествените околности од тој период. Како хроничар кој вешто и со извонредна леснотија го запишува животот на просторот што го одбележал, а пред сe односот на истовремена блискост и недоразбирање меѓу таткото и синот, Мирко Ковач во овој роман маестрално ја остварува мислата дека нашиот живот е она на што се сеќаваме, а не она што сме го проживеале. Мирко Ковач, еден од најталентираните писатели од просторите на некогашна Југославија, како бисер во низата свои дела го напиша романот „Град во огледало“. За овој свој роман, авторот вели дека е приказна за страст, за љубов и за смрт раскажана преку едно семејство, нагласувајќи дека тоа е и автобиографија, но и фикција, без оглед на тоа што поаѓа од факти. Романот „Град во огледало“ ги има добиено следните книжевни награди: „Владимир Назор“, „Аугуст Шеноа“ и „Киклоп“ во Хрватска, „13 јули“ во Црна Гора и „Меша Селимовиќ“ во Босна и Херцеговина.

Цена: 700 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Град во огледало

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-351-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Град во огледало”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in