Градина од стакло

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Grădina de sticlă | Бр. на страни: 183 | Димензии: 21 | Корица: мека

Татјана Цибуљак е родена во 1987 во Кишинев, Република Молдавија. Завршила Факултет за новинарство и економски студии. На пошироката публика ù станува позната во 1995 година со рубриката „Вистински приказни“ во весникот „Флукс“. Од 1999 година е дел од новинарската екипа на ПРО ТВ, Кишинев, каде што работи како репортер, уредник и презентер на вести. Во моментот живее во Париз и работи во доменот на аудиовизуелното. Дебитира со кратки раскази насловени „Модерни фабули“ во едицијата „Твојата трага“ во Кишинев во 2014; второ издание во „Либрис едиторијал“, Брашов 2016. Нејзината втора книга „Летото во кое мајка ми имаше зелени очи“, Картиер 2017 ги добила наградите на Друштвото на писателите на Република Молдавија, на весникот „Опсерватор културал“ и наградата „Опсерватор Личеум“. Овој роман доживеа пет изданија со тираж од над 75.000 продадени книги. Преведен е и на француски јазик. „Градина од стакло“ е вториот роман на Татјана Цибуљак, награден со престижната награда за литература на Европската унија, за 2019 година.

__________________________

„Треба да си сосема луда за да ù поверуваш на една книга. Ама, јас ù поверував.“

Русинката Тамара Павловна ја спасува малата Ласточка од сиропиталиште и заедно тргнуваат низ животот развивајќи многу сложен меѓусебен однос преполн со љубов и омраза. „Малите“ луѓе од соседството стануваат новото семејство на Ласточка која излезот од сиромаштијата и насилството ги гледа во образованието. Иако успева да стане докторка, Ласточка не престанува да страда...

Градина од стакло е восхитувачки раскажана приказна, стилско ремек-дело. Роман за животот на „малите“ луѓе во заднината на големите историско-политички промени со распадот на СССР, за идентитетот, за различноста, за борбата на цела една женска генерација да пронајде свое пристојно место во суровиот свет.

Цена: 360 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Градина од стакло

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-731-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Градина од стакло”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in