Граничен трошок на јавните фондови: Теорија и примени

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: The Marginal Cost of Public Funds: Theory and Applications | Бр. на страни: 344 | Димензии: 170x228 | Корица: /

Преку овој параметар се мери загубата која се појавува во општеството со користење на дополнителните приходи за финансирање на владините трошоци. Тој е еден од најважните концепти во јавната економија и клучна компонента за проценка на даночните реформи, програмите за јавно трошење и за останатите јавни политики. Во книгата се дадени повеќе примери тргнувајќи од акцизните такси во Тајланд, па сè до јавните заеми во Канада и во САД. Авторот успева да покаже како може да се загуби ефикасноста ако се направи изобличување на даночната политика.
Бев Далби
е професор по економија на Универзитетот во Алберта, Канада. Работи како консултант за организации од составот на ММФ, Светска банка и Министерствово за финансии при канадската влада.
Бев го објаснува концептот што се применува врз главните извори на приходи за владите – данокот на додадена вредност, акцизите, персоналниот данок, јавните заеми и меѓувладините грантови. Оваа книга е особено важна за сите економисти и аналитичари на јавната политика во составот на владите и надвор од него. На крајот од секое поглавје се дадени вежби и препорачана литература како дополнителен текст за напредни дипломски или постдипломски студии по јавна економија.
Оваа извонредна книга претставува централно место за разбирање на проблемите поврзани со даноците и со дефицитарните политики, како и за анализа на сегментот приходи - трошоци. Воедно е и клучна точка за проценка на јавните проекти и за создавање јасен преглед на јавните финансии.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1450 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Граничен трошок на јавните фондови: Теорија и примени

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-050-8

1 оценка за Граничен трошок на јавните фондови: Теорија и примени

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in